Протести во Киргистан, уапсени 60 лица за недозволен протест по повод 8 Март

Од:

Полицијата во главниот град на Киргистан денеска уапсила околу 60 лица, откако група мажи прекинале недозволен протест организиран по повод Меѓународниот ден на жената.

Тоа се случило на главниот плоштад во Бишкек, јавија локалните медиуми.

Демонстрантите се собрале за да дадат поддршка за правата на жените и децата, но непознати мажи го прекинале собирот.

Полицијата соопшти дека се уапсени лица од двете групи, но повеќе медиуми објавија дека уапсени биле претежно жени.

Според новинската агенција Акипрес, уапсените биле ослободени неколку часа подоцна, а 10 биле обвинети за спротивставување на полицијата и казнети со по 70 долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жестоки судири меѓу полицијата и граѓаните во Атина

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Новинарите и медиумски работници маршираат за своите права

Орце Костов

Тензии во и пред албанскиот Парламент

Во Белград протест против француско-германскиот план: Толпата фрла јајца кон зградата на Претседателството

Во центарот на Белград протест против прифаќањето на германско-францускиот план за Косово