Протести во Кабул против „Невиност на муслиманите“

Од:

Повеќе од илјада луѓе протестираа во Кабул, палејќи полициски возила поради анти-исламскиот филм „Невиност на муслиманите“.

Ова се првите насилни демонстрации во главниот град на Авганистан, против аматерскиот филм снимен во САД, кој предизвика бран протести ширум муслиманскиот свет, од Блискиот исток до источна Азија.

Првите протести против филмот кој го исмева исламот и пророкот Мухамед започнаа на 11. септември пред американската амбасада во Каиро, а само неколку часа подоцна беше нападнат американскиот конзулат во Бенгази, Либија, каде што беа убиени амбасадорот на САД и уште три службеници.

Демонстрантите ги нападнаа дипломатските претставништва и на другите западни земји. Поради безбедносни причини Канада затвори три свои амбасади, во Судан, Египет и Либија.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан