ВИДЕО: Демонстранти во Италија се судрија со полицијата на протест против ковид мерките

Од:

Во повеќе италијански градови се одржаа протести поради владините мерки против Ковид-19, а на неколку собири се случија и судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Ситуацијата во неколку градови ескалиралаше, а за тоа значајно влијание имаа екстремистичките групи.

Одделни демонстранти ја гаѓаа полицијата со петарди и шишиња, а во Милано фрлаа молотови коктели и го блокираа сообраќајот.

Ситуацијата е тензична и во Торино, каде демонстрантите фрлале димни бомби, а повреден е еден фоторепортер.

Протести имаше и во Неапол.

Протестите во Италија започнаа во петокот кога премиерот Џузепе Конте најави нови ограничувачки мерки против пандемијата, во државата беа воведени нови рестриктивни мерки поради новиот пораст на бројот на заразени од коронавирус, а некои од мерките вклучуваат ограничено работно време на баровите и рестораните до 18 часот и целосно затворање на фитнес центрите, базените, кино салите и театрите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим