Протести во Чешка против министерката за правда

Од:

Неколку илјади Чеси протестираа синоќа против министерката за правда Марија Бенесова, за која сметаат дека може да влијае врз кривичната истрага што се води против чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Демонстрантите, кои протестираат четврта недела по ред, велат дека Бенесова може да влијае врз истрагата за Бабиш, бидејќи во 2017 година како пратеник беше против укинувањето на парламентарниот имунитет на Бабиш.

Тој е обвинет дека пред десет години проневерил два милиона евра од фондот на Европската унија. Премиерот ги отфрла тие обвинувања.

Демонстрантите вееја знамиња на Чешка и ЕУ и носеа транспаренти со натписи „Не можете да ја скршите правдата“ и „Се срамам од својот премиер“.

– Ако не претставуваат луѓе како Бабиш, тоа не е добро. Треба за инспирација да ја земеме Австрија, рече еден од демонстрантите, мислејќи на политичкиот скандал кој ја собори владата на австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Бабиш и неговата АНО партија, и покрај протестите, не претрпеа значаен пад во популарноста.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски