Протести против рушење на Берлинскиот ѕид

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]

Стотици демонстранти се собраа кај најдолгиот преостанат дел од Берлинскиот ѕид за да го спречат неговот рушење за изградба на луксузни апартмани. Околу 1,5 метри од источната Галерија на Ѕидот се отстранети пред полицијата да заклучи дека не е безбедно за да продолжат поради собирот на протестантите. Планирано е да се сруши уште 18,5 метри, а екипите да се вратат вечерва.

Демонстрантите носеа банери, кои велат: „Господине Вовереит, не го руши овој ѕид“ – апел до берлинскиот социјално демократски градоначалник, Калус Вовереит. Банерот го симболизира и говорот на бившиот американски претседател Роналд Реган од 1987 година, во кој се обраќа на советскиот лидер велејќи: „Господине Горбачов, не го рушете овој ѕид“.

Друг банер вели: „Зар културата повеќе не вреди?“

До денес напладне, повеќе од 30 илјади ја потпишаа онлајн петицијата на „чејнџ.орг“ за прекин на проектот. Демонстрантите ветуваат дека ќе се вратат на последната „битка“ за заштита на Берлин од градителите.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски