Околу 800 луѓе протестираа во Наха, центарот на јапонската префектура Окинава со барање Токио и Вашингтон да ја стопираат изградбата на нова американска база на островот.
Протестите се одржуваат пред одбележувањето на 45-годишнината од враќањето на јапонскиот суверенитет над Окинава од американските власти.
И покрај силниот отпор на локалните жители, Јапонија и САД се договорија во северниот дел на Окинава да бидат изградени нови објекти за американската армија.
Жителите предупредуваат дека изградбата ќе го наруши еко системот.
Островот Окинава и е вратен на Јапонија на 15 мај 1972 година, 20 години откако САД по Втората светска војна окупира поголем дел од јапонската територија.