Протести и на Нов Зеланд поради смртта на Џорџ Флојд

Од:

Илјадници луѓе на Нов Зеланд денеска мирно протестираа, извикувајќи „Животите на црнците се важни“ поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на полициска интервенција во САД.

Тоа е еден од низата протести што од САД се проширија низ светот, од Лондон и Берлин до Австралија и Холандија, откако беше објавена снимка како полицаец со колено го притиска Флојд на вратот речиси девет минути, додека тој предупредува дека не може да дише.

Демонстрантите во Оукленд за време на мирниот марш седеа на улица со подигнати тупаници, знак на единство, солидарност и „црната сила“.

Демонстрантите пред Конзулатот на САД носеа транспаренти на кои пишуваше „Правда за Џорџ Флојд“ и „Дали ние сме следни“.

Во главниот град на Нов Зеланд, Велингтон стотици луѓе прошетаа пред зградата на Парламентот, извикувајќи „Животот на црнците е важен“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Поранешен полицаец прогласен за виновен за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска