Протест во Лондон поради владините рестриктивни мерки, има и уапсени

Од:

Неколку стотина луѓе денеска протестираа во лондонски Хајд парк против вонредните мерки на британската Влада.

„Скотланд јард“ соопшти дека се уапсени шест лица, меѓу кои и Пирс Корбин, брат на поранешниот претседател на Лабуристичката партија.

Демонстрантите тврдат дека им е загрозена слободата на говор и на движење, но извикуваа и пароли против 5Г мрежата и обврзната вакцинација.

Во последните 24 часа во Велика Британија од последици од новиот коронавирус починаа 468 лица, а регистрирани се 3.450 новозаразени лица, со што вкупниот број се искачи на 240.161. додека од почетокот на епидемијата починаа 34.466 луѓе.

Велика Британија по бројот на инфицирани лица е на четврто место во светот.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски