Протест во Истанбул поради пресуда против градоначалникот на тој град во Турција

Од:

Неколку илјади луѓе се собраа денеска, како и вчера, пред зградата на градската администрација во Истанбул на протест против пресудата против градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, кој беше осуден на две години и седум месеци затвор по обвиненија за навреда на членовите на турскиот Врховен изборен совет. Поради таа пресуда тој може да биде разрешен и да му биде забрането да учествува на изборите следната година.

Опозициските партии ја доведуваат во прашање независноста на судовите, кои се под, како што велат, сè поавторитарното владеење на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Опозицијата оценува дека гонењето и судењето на Имамоглу се обид да се елиминира клучниот противник на турскиот лидер.

Градоначалникот планира да поднесе жалба на пресудата и се очекува да остане на функцијата додека случајот се разгледува во повисокиот суд.

Ердоган, кој е на власт од 2003 година, прво како премиер, а потоа и како претседател, ќе се бори за нов петгодишен мандат на претседателските избори во јуни следната година.

Поради економските превирања и зголемената инфлација, забележителен е пад на неговиот рејтинг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џелал Сенгор: Во Истанбул може да се случи земјотрес од незамисливи размери

Горан Наумовски

Финска очекува поддршка од Турција за влез во НАТО

Ана Ололовска

ВИДЕО: Југоисточна Турција погодена од големи поплави

Горан Наумовски

(ВИДЕО) По земјотресот, Турција зафатена од поплави, има и загинати

Турција наскоро ќе го одбори влезот на Финска во НАТО

Ердоган закажа парламентарни и претседателски избори за 14 мај

Горан Наумовски