Протест пред затворениот турски колеџ во Тирана поврзан со Фетулах Ѓулен

Од:

Учениците од турскиот колеџ “Мехмед Аќиф Ерсој” , во Тирана, заедно со нивните родители протестираа барајќи од владата да ја повлече одлуката за затворање.

dobivaj vesti na viber

По соопштувањето на владината одлука албанските медиуми пренесоа дека колеџот „Мехмет Акиф Ерсој” кој се вбројувал меѓу “најквалитетните гимназии во земјата” е затворен по барање на турскиот претседател Ердоган.

– Се чини дека албанската влада почна да ги реализира барањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со турските училишта во Албанија, затворајќи ги оние кои се поврзани со Фетулах Ѓулен и отворајќи го патот за училиштата кои се дел од струите на политичкиот ислам поддржани од Турција, наведуваат медиумите.

Министерката за образование Евис Куши, отфрлајќи ги пишувањата на медиуми рече дека училиштето не исполнувало некои неопходни стандарди.

Од друга страна опозициската Демократска партија се солидаризира со учениците и нивните родители и ги повика граѓаните и тие да дадат поддршка.

Пренесувајќи го ставот на партијата, пратеничката Албана Вокши затворањето на училиштето го нарече ” талибански чин на Еди Рама за чисти политички цели, како во време на диктатурата”.

– Еди Рама како ајатолах, им нареди на две жени во неговата влада(се однесува на вице-премиерката Белинда Балуку, чиј потпис стои на одлуката и министерката Куши) да потпишат одлука за затворање на гимназијата и една градинка со 225 деца во Тирана. Родителите и учениците на затвореното училиште на протестот јасно кажаа дека одлуката за затворање нема никаква врска со исполнување на стандарди, како што се оправдува министерката Куши, изјави Вокши.

Додаде дека законските претставници на училиштето изјавиле дека истото ги исполнува сите стандарди и норми.

– Има освоено 16 златни медали на разни натпревари, а има добиено и посебно признание потпишано лично од Еди Рама, што е најсилна потврда за една држава дека е против образованието. Чекаше да почне новата година па да го затвори училиштето, како што секогаш чека официјално да почне туристичката сезона па почнува со уривање, обвини Вокши.

Демократите бараат од Рама да ја повлече “талибанската наредба за затворање на колеџот и градинката” и да стави крај на однесувањето со два стандарди “дење се однесува како либерал а ноќе како ајатолах”.

Би можело да ве интересира

Турција: „Неутрализирани се“ 326 курдски милитанти

А1он

И покрај високата инфлација, во Турција повторно намалена референтната каматна стапка

Турска делегација оди во Шведска заради нејзината кандидатура за членство во НАТО

А1он

Ирак ќе распореди граничари на границата со Иран и со Турција

А1он

Турски министер: Досега гаѓани се 471 мета и неутрализирани се 245 терористи во Ирак и Сирија

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 50 повредени во земјотресот во Турција: Искршени автомобили, испукани ѕидови и прекини на струја

А1он