Протест на лекарите и медицинските лица во Франција

Од:

Неколку илјади лекари, медицински сестри и негуватели денеска се собраа денес во повеќе градови во Франција, барајќи повеќе средства за јавните болници и целиот здравствен систем, како што вети претседателот Емануел Макрон, јавуваат агенциите.

По повик на десетина синдикати, во текот на денот се планирани 220 протестирани собири во обид да ја потсетат Владата за ветувањата на претседателот за болниците, дадени во екот на епидемијата на коронавирусот.

Главното барање на медицинскиот персонал е зголемувањето на платите.

Лекарите и медицинските лица кои беа во првата линија во борбата со Ковид-19, бараат „план за регрутирање“ на нови вработени и „општа ревалоризација на платите“, во висина од 300 до 400 евра. Тие исто така побараа и „да се стави крај на сите затворања на болници“.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор