„Просечната“ цена на шест ЕПР2 нуклеарни реактори во Франција проценета на 51,7 милијарди евра

Од:

Според ревизијата на француската влада објавена денеска, пуштањето во употреба на првиот ЕПР2 нуклеарен реактор е „планирано за 2037 година“, при што е објавена и проценката за трошоците, јави дописникот на МИА.

Трошоците за изградба на програма од шест нуклеарни реактори ЕПР2 од новата генерација се проценуваат на 51,7 милијарди евра, без трошоците за финансирање, на кои би се додале 4,6 милијарди во случај на потешкотии во имплементацијата, покажува владината ревизија објавена денеска.

Пуштањето во употреба на првиот ЕПР2 е „планирано за 2037 година“, се додава во ревизијата, осврнувајќи се на „вкупен период на градба од скоро 25 години, за период на работа на реакторот проценет од ЕДФ на 60 години од нивното влегување во употреба“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден