Проруските власти тврдат дека три окупирани региони гласаа за присоединување кон Русија

Од:

Проруските власти во три украински региони прогласија победа на илегалниот референдум за присоединување со Русија. Москва организираше референдум во четири окупирани региони, што Украина, Западот и ОН не ги признаваат бидејќи не се во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН.

Локалното гласачко тело во јужниот регион Запорожје објави дека 93,11 отсто од гласачите се одлучиле за руска анексија по пребројувањето на сите гласачки ливчиња.

Во Керсон властите објавија дека 87,05 проценти од гласачите решиле да се приклучат на Русија.

Додека во источниот регион Луганск, што е под контрола на проруските сепаратисти, 98 отсто од гласачите од преброени 91,2 проценти од гласачките ливчиња, се изјасниле за присоединување кон Русија.

Русија организираше референдум во четири украински региони – Запорожје, Керсон, Луганск и во Доњецк.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија распореди повеќе севернокорејски војници да го бранат Курск

Горан Наумовски

Руската армија се евакуира од Сирија

Горан Наумовски

Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов, тробојката на зградата на Градскиот совет

Горан Наумовски

ГРУ: Русија подготвува севернокорејски војници за директно учество во битките против Украина

Медведев: Противниците на Русија прават се за да го разгорат конфликтот во Украина уште повеќе

(ВИДЕО) Украинците извршија неколку ноќни напади врз Русија