Проруски хакери нападнаа неколку италијански институции, меѓу кои и Сенатот

Од:

Проруски хакери нападнаа веб-страници на неколку италијански институции, вклучувајќи го и Горниот дом на Парламентот, објави новинската агенција АНСА.

dobivaj vesti na viber

Хакерската група „Килнет“ ја презеде одговорноста за нападот, чија цел биле и Националниот институт за здравје и Националниот автомобилски клуб д’Италија.

Веб-страниците на Сенатот, Горниот дом на италијанскиот Парламент и на Институтот се повторно воспоставени по пауза од еден час.

Претседателката на Сенатот, Елизабета Каселати на Твитер објави дека хакерскиот напад не предизвикал никаква штета.

„Ова се сериозни инциденти кои не треба да се потценуваат“, напиша таа.

Министерството за одбрана, чија веб-страница не беше достапна, во соопштение објави дека тоа е „поради долго планираните активности за одржување кои се во тек на веб-страницата“.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, без да даде дополнителни детали.

Од руската инвазија на Украина на 24 февруари, многу западни влади ги подигнаа нивоата на тревога во очекување на можни кибер напади врз ИТ системи и инфраструктура.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мелони: Украина може да смета на поддршка од новата италијанска влада

Ана Ололовска

Ренци: Мелони ми е ривал, а дека сега во Италија постои ризик од фашизам е апсолутно лажна вест

Ана Ололовска

Мелони освои убедливо мнозинство во Парламентот – конечни резултати од изборите во Италија

А1он

(ВИДЕО) Новата италијанска премиерка ги стаписа левичарите: Огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири

А1он

Берлускони на 85-годишна возраст активно се враќа во италијанската политика, реизбран е за сенатор

А1он

Салвини: Десничарската коалиција ќе обезбеди петгодишна стабилност во Италија