Пронајдени шест тела под урнатините на хотелот во Италија, по 23 се уште се трага

Од:

Спасувачките екипи досега пронашле тела на шест лица кои загинаа откако снежна лавина затрупа хотел во централниот дел на Италија, а по 23 луѓе се уште се трага. Операцијата за спасување продолжува.

Досега е потврдено дека во несреќата загинале пет лица, додека деветмина, меѓу кои четири деца, вчера се извлечени живи под снегот и урнатините на четирикатниот хотел „Ригопијано“ во регионот Абруко.

Градоначалникот Марко Амориело изјави дека ситуацијата за жал е иста како и изминатите неколку денови, но спасувачките операции продолжуваат иако се спроведуваат под исклучително тешки временски услови.

Некои од спасувачите велат дека не се исклучува можноста да бидат пронајдени уште преживеани, повеќе од три дена по несреќата.

Полицијата соопшти дека еден преживеан и тројца загинати биле пронајдени следејќи го сигналот на нивните мобилни телефони.

Околу 120.000 тони замрзнат снег го прекрива поголемиот дел од остатокот на хотелот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски