Пронајдени делови од индонезискиот авион што се урна во Јаванско море

Од:

На длабочина од 23 метри во Јаванско море, нуркачите денеска пронајдоа делови од индонезискиот Боинг 737-500, кој се урна вчера непосредно по полетувањето од аеродромот во Џакарта со 62 патници и членови на екипажот.

„Сигурни сме дека нуркачите ја испитуваат локацијата каде авионот падна во морето“, рече шефот на службата за цивилно воздухопловство, Хади Тиџханто, додавајќи дека се пронајдени скршени делови од авионот, посмртни останки и облека.

Пресвртна точка во потрагата по авионот на компанијата Сривиџаја на летот 182 беше кога сонар од воен брод откри сигнал од локаторот на авионот на место за кое претходно се сомневаше дека е местото на несреќата.

Сепак, сè уште не е познато ништо за причините за падот на авионот, а се претпоставува дека нема преживеани.

– Сакам да изразам длабоко сочувство во името на сите индонезиски граѓани за оваа трагедија. Се молиме да најдеме некој што преживеал, рече претседателот на Индонезија, Џоко Видодо.

Несреќата најпрво ја пријавиле рибари кои ловеле во водите на Јаванско море и кои вчера околу 14,30 часот најпрво ја слушнале експлозијата, а потоа виделе голема воден столб и бран како се движат кон нив.

Властите веднаш отворија два кризни центри, еден на аеродромот во Џакарта и еден во пристаништето, а претседателот на авиокомпанијата Сривиџаја изјави дека авионот, стар 26 години, бил технички исправен и дека летот доцнел поради лошите временски услови, а не поради проблеми со исправноста на леталото.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски