Пронајдена е малата радиоактивна капсула по која во Австралија се трагаше со денови

Од:

Во Австралија е пронајдена исчезнатата мала радиоактивна капсула, пишува Би-Би-Си. Капсулата исчезна минатата недела, а со оглед на тоа дека е со големина од 8 на 6 милиметри, се зборуваше дека бара игла во стог сено.

Капсулата ја изгубила рударската компанија Рио Тинто. Станува збор за компанија која овде и е позната на јавноста поради бизнисот во Србија, а поради која минатата година имаше големи протести.

Капсулата била изгубена некаде покрај патот долг 1.400 километри на запад од континентот.

Државните власти го вклучија алармот во петокот предупредувајќи ги жителите за присуство на радијација во јужниот дел на државата, вклучително и североисточните предградија на Перт, каде живеат околу два милиони луѓе.

Експертите предупредија дека цезиумот-137 може да создаде сериозни здравствени проблеми за луѓето кои доаѓаат во контакт со него: изгореници на кожата од блиска изложеност, болест на зрачење и потенцијално фатален ризик од рак, особено за оние кои несвесно се изложени на долги временски периоди.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча