Продолжуваат воените судири во Либија

Од:

На повеќе фронтови во Либија денеска избија интензивни судири по жестокото бомбардирање на Триполи во текот на изминатата ноќ, а постојаните борби претставуваат закана за напорите, чија цел е спречување на пандемијата на новиот коронавирус.

По релативниот мир во изминатите неколку недели, сериозни воени судири продолжија оваа седмица и покрај повиците на меѓународната заедница за смирување за да му се овозможи на преоптоварениот здравствен систем на Либија да се подготви за пандемијата.

По долгогодишната нестабилност и насилство, здравствената инфраструктура во Либија е речиси разурната, а голем број лекари и медицински сестри не земале плата од декември минатата година.

Во понеделникот во Либија беше потврден првиот случај на зараза од Ковид-19, а станува збор за државјанин на таа земја кој неодамна се вратил од странство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски