Продолжува штрајкот на новинарите на спортскиот дневен весник „Л’Екип“

Од:

Спортскиот дневен весник „Л’Екип“ и денес го нема во киосците во Франција, неговите новинари се во штрајк од 8 јануари, што досега претставува најдолг период, 12-ти ден по ред на необјавување на весникот.

Меѓусиндикалната организација на четирите синдикати на вработените во весникот, меѓу кои и новинарскиот, одлучија да го продолжат штрајкот за 24 часа на крајот на генералното собрание.

Причината за штрајкот епланот за заштита на вработувањето (ПСЕ) кој предвидува укинување на педесетина работни места, од кои 47 на новинари, во рамките на САС Л’Екип (дневниот весник, неделното издание, Вело Магазин и неделникот Франс фудбал, кој е во процес да биде месечно издание) во кои работат 350 лица. Во исто време, планирани се создавање на 12 работни места за зајакнување на понудата за Интернет. Целта е да се заштедат 5 милиони евра и да се избегнат 6 милиони загуби во 2021 година, во контекст на падот на продажбата на хартија влошена од здравствената криза и прекинот на спортските натпревари од минатата пролет.

Соочени со протестот, управата предложи во понеделникот нова алтернатива на ПСЕ: договор за колективни конвенционални раскинувања што овозможува помалку заминувања, заедно со договор за колективни успеси (АПЦ), со елиминација на слободните денови и намалување на платите. Но, „принципот на АПЦ е отфрлен од вработените. Раководството ги „подобри малку почетните услови“ поврзани со ПСЕ, „но тоа не гарантира отсуство на присилно заминување“, се вели од синдикатите. За четврток е закажана нова средба меѓу синдикатите и управата.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден