Продолжува потрагата по британскиот актер кој исчезна на планинарење во САД

Од:

Властите во Калифорнија ја продолжија воздушната потрага по британскиот актер Џулијан Сендс, кој исчезна минатиот петок додека планинареше. Потрагата на теренот е одложена до дополнително известување поради лошите временски услови.

Британскиот актер последен пат е виден пред една недела во планинскиот венец Сан Габриел, кој се наоѓа северно од Лос Анџелес. Полицијата соопшти дека го пронашла неговиот автомобил во близина на местото каде што бил пријавен за исчезнат.

Сендс глумеше во филмови и серии, вклучувајќи ги 24, Smallville и A Room with a View. Тој живее во Лос Анџелес од 2020 година, а неодамна се појави во драмата Benediction со неговиот колега Питер Капалди. Има три деца и живее во Лос Анџелес со сопругата, писателката Евгенија Читковиц.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

Орце Костов

Пресуда на 2 април за обвинетите за грабнување: Каде е исчезнатиот Самоил Костадиновски?

МВР потврди: исчезнатиот Александар пронајден мртов, ќе се испитува како починал

Анита Петровска Рајковиќ

Заврши драмата околу разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер

Горан Наумовски

Полицијата во Старо Нагоричане го пронајде исчезнатиот кумановец

Полицијата трага по 23-годишно момче, се претпоставува дека отишло во Косово