Продолжува политичката неизвесноста по изборите во Израел

Од:

Речиси конечните резултати од предвремените парламентарни избори во Израел, што денеска ги објави Изборната комисија, укажуваат на политички застој. Ниту една од двете водечки партии не може да формира владејачка коалиција.

До сега преброени се 99,8 отсто од гласови, а треба да се пребројат гласовите од 14 избирачки места каде се забележани нерегуларности на денот на избори, кои се уште се истражуваат. Израелците гласаа на повеќе од 2.000 избирачки места.

Сојузот на партии на центарот на поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија, Бени Ганц го задржа водството од две пратенички места (вкупно 33) над конзервативниот Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

На трето место е Заедничка листа на израелските Арапи со освоени 13 пратеници , а потоа следат партијата на ултраортодоксните сефардски Евреи со девет, додека верската Обединет јудеизам на Тората освои осум пратеници.

Националистичката партија на поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман освои осум мандати, а десничарскиот сојуз Јамина – седум, левичарскта партија Лабуристи-Гешер – шест, додека Демократската унија има пет пратеници.

Блокот на левиот центар, вклучително и Заедничка листа со членовите на израелските Арапи, кои никогаш не биле дел од Владата, сега има 57 пратенички места, а десничарскиот блок има 55.

Ниту еден блок нема мнозинство од 61 од вкупно 129 пратеници во Кнесетот за да формира коалиција.
Поради тоа Либерман, исто како и по изборите во април е клучен фактор за формирање на Влада.

Претседателот на Израел, Рувен Ривлин в недела ќе почне консултации со парламентарните партии за мандатар за состав на нова влада.

Нетанјаху вчера апелираше до Ганц да формираат влада на национално единство, но лидерот на Сино белата партија ја одби понудата. Ганц инсистира Нетанјаху, кој е осомничен за корупција и ќе биде сослушан во октомври, да се повлече од лидерското место на Ликуд, за да се формира влада.

Заедничка листа се уште нема одлучено дали ќе го поддржи Ганц.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск