Продолжува да опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19 во Франција

Од:

Полека продолжува да се стишува епидемијата на коронавирусот во Франција, откако во изминатите 24 часа се откриени 4. 452 нови случаи, објави Институтот за јавно здравство и Министерството за здравство на оваа земја.

Во неделата, 13.157 луѓе биле позитивни на тестот. Бројките во понеделникот се вообичаено пониски од оние за другите денови во неделата, поради лабораториите што се затворени за време на викендите.

Вчера во болниците од Ковид-19 умреле 501 лице, со што бројот на жртви достигна 49.232. Вкупно, во последните седум дена се забележани 12.898 нови хоспитализации, од кои 1946 на интензивна нега.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вечерва во 20 часот ќе им се обрати на Французите. Тој, како што се очекува, треба да соопшти дека и натаму, за неколку недели, ќе продолжаат рестриктивните мерки во земјата.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден