„Прислушкувањето“ на Фејсбук под лупа на ЕУ

Од:

Германија отвори истрага за практиките на Фејсбук откако социјалната мрежа призна дека прислушкувала корисници преку апликацијата Месинџер, се очекува други земји членки да го сторат истото.

Фејсбук, пред неколку недели, призна дека собирала аудио податоци преку апликацијата Месинџер, иако долго време негираше дека постои таква пракса. Социјалната мрежа ги снимала аудио разговорите преку апликацијата, а потоа испраќала снимки до надворешни соработници, задолжени да прават транскрипт на разговорите за да ја подобрат алатката на Фејсбук за автоматска транскрипција.

Мрежата тврди дека била побарана претходна дозвола од корисниците за оваа операција, и дека е ставен крај на практиките. Меѓу корисниците чии разговори биле снимани има педесетина европски граѓани, што е доволно за националните власти на земјите членки на ЕУ да отворат истрага против Фејсбук.

Во ЕУ, властите за заштита на личните податоци се национални тела кои се координираат преку ирската бранша. Ирска ги информирала 14-те земји членки од каде доаѓаат корисниците чии разговори ги снимал Фејсбук, а германската агенција веќе отворила истрага. Се очекува да следат и другите засегнати земји.

Европската Комисија потсети дека очекува од сите национални власти да го осигурат почитувањето на регулативата за заштита на личните податоци, позната како ГДПР, која стапи на сила минатата година.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ