Припадници на групата Боко Харам отруени во затвор во Чад

Од:

Четириесет и четири припадници на екстремистичката група Боко Харам починале во затвор во Чад, најверојатно откако биле отруени со непозната супстанца, соопшти денеска чадскиот јавен обвинител.

Би-Би-Си јавува дека отруените припадници на Боко Харам биле дел од групата од 58 уапсени мажи за време на неодамнешната армиска операција против оваа исламистичка група во близина на езерото Чад.

Британскиот сервис наведува дека истрагата е почната откако четири аутопсии покажале дека смртта кај затворениците е предизвикана од некаква смртоносна супстанца.

Оттаму се додава дека првично биле затруени 45 лица, но едно од нив во меѓувреме заздравело и е вратено во затвор.

Би можело да ве интересира

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Десетгодишни близнаци се пронајдени мртви во куќа во Романија

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он

Пронајдена дрога при претрес во прилепско: Затвореници развиле бизнис со препродавање наркотици

А1он

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Спречено филмско бегство од затворот во Риека