Припадничка на култот на озлогласениот Менсон може да излезе од затвор

Од:

Припадничката на култот на еден од најпознатите американски убијци, Чарлс Менсон, можеби ќе биде условно пуштена на слобода.

Советот за условно ослободување во Калифорнија предложи 74-годишната Патриција Кренвинкел да се ослободи, а такво барање претходно беше одбиено 14 пати.

Таа моментално се наоѓа во женскиот затвор, источно од Лос Анџелес.

Кренвинкел и други членови на култот, тероризираа луѓе во Калифорнија. Таа напиша „Хелтер Скелтер“ на ѕид со крвта на една од нејзините жртви. Кренвинкел е во затвор поради убиства на бремената актерка Шерон Тејт, како и на четири други лица во 1969 година.

Таа помогнала во убиствата на трговецот Лено ЛаБјанка и неговата сопруга Роузмери, само еден ден откако е убиена Тејт. Според обвинители, тоа било обид на Менсон да започне расна војна.

Препораката за условно ослободување веројатно пред крајот на годината ќе дојде до гувернерот Гавин Њусом, кој претходно одби такви препораки за други членови на култот.

Пред пет години препораката за нејзина условна слобода е одбиена и покрај тогашните аргументи, дека во периодот на убиствата, таа имала ПТСН (пост-трауматско стресно растројство) затоа што Менсон ја тепал, психички ја злоставувал и ја присилувал на секс со други мажи за пари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски