Кој е Хајнрих XII, клучниот играч во големата завера во Германија

Од:

Военото крило на групата требаше да ги елиминира демократските тела на локално ниво, велат обвинителите.
Како што пренесува Би-Би-Си, истражителите сфатиле дека таква терористичка група имало кога минатиот април бил откриен заговор за киднапирање во која учествувала група наречена „Обединети патриоти“.

Таа група исто така била дел од сцената на Рајхсбургер, а наводно планирала да го киднапира министерот за здравство Карл Лаутербах, а истовремено да „создаде услови за граѓанска војна“ со цел да се стави крај на демократијата во Германија.

Извештаите од Германија велат дека активните и поранешни припадници на војската биле „значаен дел од заговорот“. Меѓу нив имало и поранешни припадници на елитните специјални сили, а целта на военото крило на групата била да ги елиминира демократските тела на локално ниво, соопштија обвинителите.

Под истрага е и поранешен припадник на специјалните сили командоси. Полицијата го претресла неговиот дом, но и соба во воената база Граф-Цепелин во Калв, југоисточно од Штутгарт.

Беа планирани и убиства, а учествуваа и поранешни специјалци

Поранешните припадници на германската армија одиграа значајна улога во организирањето и планирањето на државниот удар. Меѓу нив имало и поранешни припадници на елитните специјални сили. Заговорниците, објави федералното обвинителство, планирале лично да владеат со Германија. Меѓу уапсените има и еден активен војник и неколку резервисти, објави воената разузнавачка агенција БАМАД. Активен војник е припадник на Командата на специјалните сили.

Заговорниците верувале дека можат да ги постигнат своите цели само со „воени средства и насилство врз претставниците на државата“, што вклучувало и убиство.

Германската јавна телевизија ЗДФ објави дека во заговорот бил вмешан и поранешниот екстремно десничар во Бундестагот и според плановите на пучистите требало да биде поставен за министер за правда. „Принцот Хајнрих“ требаше да биде лидер на Германија по државниот удар, јави Би-Би-Си.

Кој е Хајнрих XII., клучниот човек на заговорот?

Аристократ кого заговорниците го нарекоа „Принцот Хајнрих XII“ е 71-годишен старец кој, според обвинителите, бил еден од водачите на заговорот за рушење на германската демократија. Хајнрих XII, јавува Би-Би-Си, потекнува од старо благородничко семејство познато како „Куќата на Ројс“, која владеела со делови од модерната источна германска покраина Тирингија до 1918 година.

 

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски