Принцот Чарлс се сретна со Грета во Давос

Од:

Британскиот принц Чарлс смета дека глобалното затоплување и климатските промени се најголемите закани со кои некогаш се соочило човештвото и ги повика лидерите на бизнис заедницата итно да дејствуваат за да обезбедат одржлива економска иднина.

Во говорот на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, Чарлс рече дека е време лидерите да преземат мерки со „револуционерно ниво и брзина“. – Ние сме среде криза, која сега, се надевам, добро ја разбираме. Покрај остварените средби со светските лидери, принцот Чарлс се сретна и со младата активстка Грета Тунберг.

Чарлс, кој пристигна во зградата каде се одржува Форумот со електричен автомобил наместо со хеликоптер, голем дел од животот лобира кај деловните луѓе и владата за теми од областа на екологијата и животната средина. Но, призна дека тоа во голема мера е „сизифовска работа“. Во Давос, тој ја започна Иницијативата за одржливи пазари, чија цел е да предложи начини за декарбонизација на глобалната економија.

Глобалното затоплување, климатските промени и разорното губење на биолошката разновидност се најголемите закани со кои човештвото некогаш се соочило и во најголем дел се последица на нашето дејствување, истакна британскиот принц. Неговото предупредување се случи еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп, кој исто така зборуваше во Давос, ги отфрли предупредувањата на „вечните пророци на катастрофата“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пендаровски на дипломатскиот дијалог за Западен Балкан во Давос

Лајен во Давос го најави Зелениот индустриски план

А1он

Пендаровски во Давос: Во регионот има две чувствителни точки – Република Српска и северот во Косово

Катерина Ѓуровски

Анкетите спроведени пред форумот во Давос предвидуваат глобална рецесија во 2023 година

А1он

Политичките лидери пристигнуваат во Давос, на Илон Маск настанот „му звучи досадно“ и нема да присуствува

А1он

Почнува Светскиот економски форум во Давос

Ана Ололовска