Принцот Чарлс добил три милиони евра од поранешен катарски премиер

Од:

Британскиот принц Чарлс примил три пати по еден милион евра од контроверзниот политичар шикот Хамад бин Јасим бин Џабер Ал Тани, поранешен премиер на Катар, во периодот 2011-2015 година на лични средби, пишува „Сандеј тајмс“.

Во еден од случаите, шеикот Хамад му дал на синот на британската кралица 1 милион евра во брендирани чанти во продавницата за луксузна стока Fortnum & Mason, која има кралска повелба за испорака на производи и чај на принцот Чарлс.

Во друг случај, принцот Чарлс добил голема торба со 1 милион евра за време на приватна посета на шеикот Хамад во Кларенс Хаус во Лондон во 2015 година.

Кларенс Хаус објави дека парите веднаш биле донирани на една од добротворните организации на принцот, следејќи ги сите закони.

„Сандеј тајмс“ додава дека двајца советници во кралското домаќинство рачно ги броеле парите што се наоѓале во банкноти од 500 евра.

Парите потоа биле префрлени во приватната банка Coutts и депонирани на сметката на добротворната фондација на Принцот од Велс за проектите на Чарлс за домашни миленици и за одржување на неговата шкотска палата.

На членовите на кралското семејство не им е дозволено да примаат парични подароци, освен како покровители или донатори.

Средбите на принцот со шеикот не се појавуваат во регистарот на официјални ангажмани на кралските личности.

Се тврди дека не биле извршени незаконски плаќања, но откритијата отвораат прашања за случаите на принцот Чарлс. Од 2007 до 2013 година, Ал Тани беше премиер и министер за надворешни работи на Катар, а за тоа време изгради многу блиски односи со кралското семејство.

Сандеј тајмс потсетува дека минатиот ноември поранешниот личен помошник на принцот и директор на фондацијата Мајкл Фосет поднесе оставка во врска со скандалот „титули за пари“.

Би можело да ве интересира

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Чарлс присуствувал на приватна забава пред да умре Кралицата

А1он

Американски новинари: Како принц, Чарлс го спореди Путин со Хитлер, сега ќе мора да молчи

А1он

Новиот крал наскоро ќе пристигне во Лондон, голем број луѓе околу кралските резиденции

А1он

Чарлс бил со својата мајка кога таа починала, другите членови на семејството не пристигнале навреме

А1он

Чарлс го наследува тронот и огромното богатство

Катерина Ѓуровски