Примателите на Џонсон и Џонсон треба да примат засилувачка доза од Фајзер за подобра заштита

Од:

Речиси 17 милиони Американци кои примиле вакцини од Џонсон и Џонсон се помалку заштитени од серизни заболувања и хоспитализации отколку оние кои добиле Фајзер-БиоНТек или Модерна, се вели во државен извештај објавен денеска.

Најновите податоци укажуваат дека примателите на Џонсон и Џонсон треба да примат засилувачка доза од некои од вакцините кои работат според мРНА тахнологија. Извештајот го објави Центарот за контрола на заболувањата (ЦДЦ) што анализираше миксање на комбинации вакцини и засилувачки дози за време на четири месечен период кога варијантата Омикрон беше доминантна меѓу популацијата.

Дури и комбинација на Џонсон и Џонсон со засилувачка доза на Џонсон и Џонсон нема да биде толку силна како вакцина со две доплнителни засилувачки дози базирана на мРНА технологија, како онаа на Фајзер-БиоНТек или на Модерна, за да се спречи одење на инфицираните во ургентно.

Резултатите го потврдуваат она што официјалните лица од здравството и експертите веќе го знаеа, а засновано на претходни испитувања. Истражувањето е важно затоа што податоците за ефективноста на вакцината со миксање на дози во реални услови досега беа ограничени, се вели во извештајот.

Податоците од истражувањето укажуваат дека три дози од мРНА на Фајзер обезбедува најдобра заштита, една доза од Џонсон и Џонсон проследено со засилувачка доза на Фајзер обезбедува втора по силина заштита, додека вакцината со две дози Џонсон и Џонсон е на трето место по силина од заштита. А една доза од оваа вакцина дава само 31 отсто ефективност против хоспитализација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Павлова-Николовска

СЗО до Американците: На која основа тврдите дека коронавирусот дошол од лабораторија

Ана Ололовска

По три години Хонг Конг ја укинува обврската за носење маски

Ана Ололовска

ФБИ: Корона вирусот протече од лабораторија во Кина

Во Кина драстично намален бројот на тешки случаи и смрт од Ковид-19

Ана Ололовска

Кина пријави голем скок на бројот на хоспитализирани со коронавирус

Ана Ололовска