Прикривањето даноци – национален спорт за големите американски компании

Од:

Како што е познато, веќе неколку години американските мултинационални компании во голема мерка се вгнездија во Луксембург, но и во Холандија. Искористувајќи едно полабаво даночно законодавство и поттикнати од алчните акционери, тие го преминуваат Атланскиот океан за да скријат дел од реализираните заработки надвор од САД во тие даночни раеви за големите претпријатија, далку од погледите на американската даночна администрација.

Предностите кои тие ги добиваат остануваат во тајност и тешко контролирани. Но документите до кои дојде организацијата Меѓународен конзорциум за истражувачко новинарство, овозможуваат повеќе да се дознае за методите кои се користат за избегнување на американските даночни обрски. Во тие документи фигурираат имињата на американски компании, како Амазон, Веризон, Пепси, Хејнц, ФедЕкс, Епл и други.

Овие документи на светлост на денот ја вадат централната улога на големото херцегштво во нивните шеми за даночна оптимизација.

Овие информации би требало да ја заинтересира администрацијата на Барак Обама, која е се погласна заради скорешниот бран од преместување во странство на централи на американски компании, мотивирани од даночни олеснувања. Случајот излезе на површина неколку дена пред средбата на врвот на групата Г-20 во Бризбејн, Австралија, која ќе се состане на 15 и 16 ноември. Се очекува државните и владините лидери на 20-те најмоќни држави во светот да донесат план за борба против агресивната даночна оптимизација на мултинационалните компании.

Во сферата на корпоративни даночни обврски, САД не применуваат територијален принцип каков е на сила во земји како Франција. Таму се бара даноците да се плаќаат во земјата во која се реализирани заработките. САД го применуваат принципот на таканаречена глобализација, тоест приходите кои се направени каде и да било низ светот, да бидат даночени на американска територија.

Ако го земе во предвид тој факт, ќе разбереме дека даночната оптимизација за многу мултинационални корпорации се изразува со блокирање на приходите реализирани надвор од САД, далеку од компанијата мајка, така што тие не можат да бидат под удар на американските даночни власти. Тоа блокирање далеку од САД ги привлекува кон воспоставување на даночни односи со земјите кои применуваат даночна тајна. Тоа им овозможува на компаниите да ги оптимизираат своите приходи, без никој да им бара сметка за тоа. И нешто посебно се случува во Луксембург.

Примерот со компанијата гигант во прехранбената индустрија Хејнц, која е позната по своите кечапи, фрла доста светлина врз таа насока. Даночните договори кои претпријатето ги склучило со големото херцегштво во 2010 година, покажуваат како со централа во Пенсилванија и со акции кои се котираат на Волстрит, таа успева според шемата која е фокусирана кон Луксембург, да избегне даночни обврски во САД.

Шемата која им е претставена на даночните власти на големото херцегштво од консултантската компанија Прајсвотерхаус Куперс, има кодирано име „летен проект“ и се заснова на широко преструктуирање на компанијата кое се случи во 2009 година. Таа тргувала со САД, потоа преминала во Канада и Гибралтар, пред да стигне до Луксембург. На секоја етапа од тој пат се отворени фирми, како на пример Хејнц Канада, Шарпсбург холдингс или пак Гудвуд холдингс на Гибнралтар, кои имаат благодети од нејасниот статус и меѓу кои се вршат префрлања на акции и пари.

На крај се отворени две компании во Луксембург. Првата за цел има да ги блокира сите глобални заработки на Хенјц надвор од САД. Таа компанија е ослободена од даночни обвврски и е во сопственост на американската мајка компанија, и на Хејнц од Гибралтар. Со неа се поврзани сите филијали на групацијата низ светот, а соодветно на тоа и сите заработки. Втората компанија, отворена во Луксембург, пак ја има задачата да управува со внатрешното финаисирање во холдингот. Даноците на кои е обврзана со многу ниски.

Случајот со Веризон, најголемиот мобилен оператор во САД, исто ни дава богата информација. Ралични податоци од кои последниот е со датум од 2010 година, покажуваат како компанијата уште во 2007 применува шема за даночна оптимизација преку која се отсликуваат привлечните аспекти на даночните системи во Луксембург и Холандија, за да ги блокира своите заработки надвор од САД. Во општа линија со таа повеќеслојна шема, имаме луксембуршки холдинг, ослободен од даноци и „притиснат како во сендвич“ меѓу две луксембуршки друштва со ограничена одговорност. Над нив стои компанијата мајка Веризон интернешенел инк. а под нив холандскиот холдинг. Други даночни договори создаваат законска можност за цела серија неоданочени со даноци финансиски операции помеѓу сите актери во шемата.

Примерот со Епл е многу интересен. Како што открија неколку медиуми, на интернет гигантот не е веќе задоволен од прочуеното даночно ослободување во Даблин, познато како „двојно ирско“ (кое дозволува делокализирање на заработките во офшор центар) и затоа својата европска центала на високоприходна филијала за спушање на музика АјТјунс ја смести во Луксембург. Таа филијала користи повеќе даночни бенефити. И така средствата од секое купување на АјТјунс одат директно во Луксембург, целосно осободени од даноци. Ваквата шема им нанесува штети не само на САД, туку и на Европа, вториот по големина пазар за Епл по САД.

Во цекина, според оценките на експертите од Организацијата за економска соработка и развој, заработките кои се нарупани од американски друштва во даночните оази и не се вратени во САД, изнесуваат околу два трилиони долари.

Монд – Париз

 

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи