Приходите на Фајзер во третиот квартал се зголемија за 134 проценти

Од:

Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска соопшти дека нејзините приходи пораснале за 134 отсто на годишно ниво на 24,1 милијарди долари во третиот квартал од фискалната 2021 година.

Приходите од вакцините на компанијата беа 14,6 милијарди американски долари во третиот квартал, што е за 749 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, кога вакцината против Ковид-19, развиена заедно со германската компанија Бионтек, се уште не беше достапна.

Заработката по акција на Фајзер беше 1,42 долари, што е за 446 отсто повеќе од третиот квартал во 2020 година, додека нето приходот на компанијата се зголеми за 455 проценти на годишно ниво на 8,1 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Во Фајзер украдени податоци за вакцината против Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

Фајзер: Нашата вакцина дава силен имунолошки одговор кај децата на возраст од 12 до 15 години

Ана Ололовска

САД нарачаа 10 милиони дози од антивирусниот лек на Фајзер

А1он

Фајзер ќе им дозволи на други компании да направат сопствен лек

А1он

Фајзер: Пилулата против ковид е со ефикасност од 90%

Ана Ололовска

Американскиот регулатор ја одобри вакцината Фајзер за деца постари од пет години

Ана Ололовска