При прославата на победата на Алжир, во Франција уапсени околу 200 лица

Од:

По победата на Алжир во финалето на Купот на Нациите на Африка, неколку илјади навивачи на Алжир се собраа под Триумфалната порта во Париз, како и во неколку други градови низ целата земја за да ја прослават титулата, јави дописникот на МИА.

Во Париз, илјадници луѓе се собраа на и околу Шанзелизе. Областа беше обезбедувана од околу 2.500 полицајци. Околу еден часот по полноќ, во близина на Шанзелизе, навивачките групи ја испровоцираа полицијата со фрлање пиротехнички средства, како и стаклени шишиња и камења. Полицијата возврати со употреба на солзавец. Сепак, ситуацијата се нормализира за неколку минути.

Во текот на ноќта 102 лица беа уапсени во Париз, од нив 86 беа притворени, според извештајот на Министерството за внатрешни работи. Низ цела Франција, 198 лица се уапсени и 177 ставени во притвор, според истиот извор.

Најголемата прослава на победата на Алжир во Франција беше во Марсеј, каде се претпоставува дека на улиците излегле околу 25.000 навивачи на Алжир.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден