При прогласувањето изборна победа во Унгарија, Орбан го нарече Зеленски „противник“

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого западните медиуми го квалификуваат како про-Путин, прогласи победа на националните избори во земјата, обезбедувајќи четвр последователен мандат на власт.

– Оваа победа треба да се памети, можеби дури и до крајот на нашите животи, затоа што имавме најголем (број на противници] кои требаше да ги совладаме, изјави Орбан, пренесува „Гардијан“.

– Левицата дома, меѓународната левица, бирократите во Брисел, парите од империјата на Сорос, меѓународните медиуми, па дури и украинскиот претседател, оцени Орбан.

Се чини дека тој алудира на критиките од Зеленски, кој го искористи неговото вечерно обраќање за да го прекори за поддршка за рускиот претседател Владимир Путин.

– Тој е практично единствениот во Европа кој отворено го поддржува господинот Путин, истакна Зеленски.

– Цела Европа се обидува да ја запре војната, да го врати мирот. Тогаш зошто официјална Будимпешта е опозиција на цела Европа, на сите цивилизирани земји? праша Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Во Унгарија има повеќе работа отколку квалификувана работна сила

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Орбан: Барателите на азил во ЕУ да останат надвор додека не се донесе одлука

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Орбан доби неочекуван сојузник, заедно се спротивставија на клучниот пакт на ЕУ