Претставник на Белата куќа бил во Дамаск на тајни преговори за ослободување двајца Американци

Од:

Кас Пател, заменик на помошникот на американскиот претседателот Доналд Трамп, неодамна отпатувал во Дамаск на „тајните состаноци“ со претставници на сириската Влада, кои имале за цел ослободување на најмалку двајца американски државјани, соопшти „Волстрит журнал“.

Весникот, повикувајќи се на официјални лица од администрацијата на Трамп и други лица запознати со преговорите, наведе дека ова е првпат по повеќе од една деценија еден вака високо позициониран американски функционер да се состане со претставници на владата во Сирија.

Според официјалните лица, Пател, кој, исто така, е на висока позиција во борбата против тероризмот во Белата куќа, во Дамаск отпатувал на почетокот на оваа година во обид да обезбеди ослободување на најмалку двајца Американци.

Како што е познато, претставници на Белата куќа и сириските власти последен пат разговорале во Дамаск во 2010 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски