Претставници на Советот на Европа одржаа собир за мир во Украина

Од:

Околу 200 претставници на Советот на Европа, меѓу кои Украинци и Руси, се собраа пред Советот на Европа, за мир и во име на вредностите на оваа организација која ги гарантира човековите права на континентот, јави дописникот на МИА.

-Како граѓани на земјите-членки и едноставно како луѓе (…), не можеме да молчиме, им порача Станислас Фросард, претседател на персоналот на Советот, на собраните пред паневропската институција со седиште во во Стразбур.

„Денеска ние страдаме со сите наши колеги и со сите засегнати популации, но исто така можеме да бидеме горди што работиме за организација која се соочува со своите одговорности и чии вредности на демократијата, човековите права и владеењето на правото се повеќе важно од кога било“, додаде тој.

Неколку вработени носеа плакати на кои пишуваше, „Солидарност за единство на мирот“. Во толпата беа присутни неколку Украинци, како и неколку Руси, наведе портпаролката на Советот.

-Моето лично чувство е дека Русите кои се тука треба да ги бранат вредностите на организацијата, тоа не се Русите кои го поддржуваат режимот во Русија, објаснува Николас Сорочински, француски Украинец од Одеса, изненаден од големината на оваа војна.

Советот на Европа обединува 47 земји-членки, вклучувајќи ги Русија и Украина. Ден по почетокот на руската офанзива во Украина, паневропската организација ја суспендираше Москва од какво било учество во нејзините главни органи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала