Претставен планот за безбеден почеток на новата учебна година во Австрија

Од:

Австрискиот министер за образование Хајнц Фасман денеска го претстави планот за безбеден почеток на новата учебна година и покрај пандемијата со Ковид-19. Стратегијата вклучува „систем за рано предупредување“, проширена стратегија за тестирање, вакцинирање и купување прочистувачи на воздух.

Системот за рано предупредување се состои од две компоненти. Едната е анализа на отпадните води од 116 пречистителни станици за да се види дали има зголемено регионално ширење на вирусот. Во овој случај, учениците од соодветен регионот ќе се тестираат почесто.

Покрај тоа, 300 училишта во Австрија се избрани да вршат ПЦР-тестови за да се утврди дали се зголемува бројот на инфекции во училиштата, а со тоа и во одредена возрасна група.

Тестирањето останува централен елемент на стратегијата. Најмалку еднаш неделно сите ученици ќе имаат антиген тест и дополнително ќе се прават ПЦР тестови. Овие тестови ќе бидат извршени во понеделник, а нов тест за антиген ќе биде во четврток.

Во првите 14 дена од учебната година, секој треба да носи маски на училиште. Маските ќе бидат отстранети откако учениците ќе седнат во клупите. Како ќе се продолжи понатаму ќе зависи од инфективната ситуација по првите две недели. Вакцинираните ученици и наставници нема да бидат тестирани.

Досега, 19 проценти од адолесцентите на возраст од 12 до 15 години и 45 проценти од оние на возраст од 16 до 19 години се вакцинирани во земјата.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче