Претседателските избори во Полска ќе се одржат на 28 јуни

Од:

Претседателските избори во Полска, што беа откажани поради пандемијата со новиот коронавирус, ќе се одржат на 28 јуни, изјави денеска претседателката на Долниот дом, Елизабета Витек.

Граѓаните, во согласност со новите правила, ќе можат да гласаат лично или по пошта.

Претседателските избори во Полска првично беа закажани на 10 мај, но беа одложени поради пандемијата.

На изборите на 28 јуни ќе учествуваат истите кандидати што беа пријавени на 10 мај, вклучително и актуелниот шеф на државата Дура.

Додека неговиот политички опонент, градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски за да се пријави на изборите ќе морад да собере 100.000 потписи до 10 јуни. Другите кандидати веќе претходно имаа собрано потписи.

Во согласност со новите правила, потпишани со закон од страна на претседателот во вторникот навечер, гласачите ќе можат да избираат дали да гласаат лично или по пат на пошта.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски