Претседателски избори во Шри Ланка

Од:

Околу 15,99 милиони граѓани со право на глас денеска ќе избираат меѓу 35. претседателски кандидати, меѓу кои има само една жена.

Тоа се осми претседателски избори во Шри Ланка, а мандатот на актуелниот претседател Маитрипала Сирисена завршува на 9 јануари 2020 година. Претседателот на Шри Ланка има мандат од шест години.

Тоа се првите претседателски избори во Шри Ланка на кои не се натпреварува ниту претседател, премиер или лидер на опозицијата.

Резултатите од анкетите најавуваат тесна борба помеѓу претставникот на владејачката партија, Саџит Премадаса, кој е министер за домување и култра и член на владејачката Обединета национална партија (УНП) и кандидатот на опозициската партијата од десниот центар Политички фронт на Шри Ланка (СЛПП) Готабаја Раџапакса. И двајцата фаворити потекнуваат од влијателни политички династии.

Контроверзниот поранешен министер за одбрана 70-годишниот Раџапакса, пензиониран потполковник, беше воен командант кој ги порази герилците Тамилски тигри со што заврши 37-годишна сепаратистичка војна. .

Тој е познат и како „терминатор“ бидејќи ветува борба против корупцијата и исламскиот екстремизам, клучно прашање по самоубиствените напади на Велигден годинава, при што загинаа 269 лица.

Додека 52-годишниот Премадаса се надева дека ќе ги привлече гласачите со ветувања за подобрување на менструалната хигиена. Менструацијата е табу тема во конзервативното будистичко општество. Поради тоа тој го доби прекарот „човек влошка“.

Тој и покрај исмејувањето најави дека ќе ги брани женските права.

Раџапакса нема политичко искуство но тоа го надоместува со тоа што во кампањата е вклучен неговиот постар брат Махинда, кој кратко време беше премиер на Шри Ланка, а двапати беше избран за шеф на државата.

Против Раџапакса е обвинет за злоупотреба на државни пари, над 100.000 долари, кои наводно ги земал да изгради споменик на своите родители во време кога неговиот брат Махинда беше претседател.

Исто така се соочува со судски процес во САД поради што наводно наредил мачење на мажите од етничката група Тамили и други луѓе додека беше на власт.

Додека локалниот суд се уште испитува дали Раџапакса, кој има двојно државјанство, се откажал од американскиот пасош.

И кандидатот Премадаса исто така потекнува од политичко семејство. Неговиот татко Ранасинге, поранешен премиер и претседател на Шри Ланка убиен е за време на собирот на Празникот на трудот во 1993 година. За неговата смрт одговорни се тамилските бунтовници.

Тој како министер за домување во актуелната Влада заслужен е за покренување на неколку национални станбени проекти за семејства со ниски приходи, идеја што ја заговараше неговиот татко.

Но според аналитичарите Раџапакса е во предност.

Би можело да ве интересира

Воен ловец „У-12“ се урна во Шри Ланка, четворица загинати

Ана Ололовска

Поранешниот министер за одбрана – нов претседател на Шри Ланка

Ана Ололовска

Колективно труење со храна во центар за пребројување на гласови во Шри Ланка

Ана Ололовска

Шри Ланка: За последиците од нападот одговорен е шефот на тајната служба

Ана Ололовска

Во Шри Ланка слон подиве и повреди 18 лица

Ана Ололовска

Шри Ланка вработи двајца џелати за претстојните смртни казни

Ана Ололовска