Претседателски избори во Јужна Кореја

Од:

Околу 44 милиони Јужнокорејци излегуваат денеска на гласање за да го изберат следниот претседател, завршувајќи ја трката обележана со низа изненадувања, скандали и валкани кампањи.

Победникот на изборите ќе се соочи со се поголеми предизвици, вклучително и соочување со последиците од најлошиот бран на Ковид, продлабочување на нееднаквоста и зголемување на цените на становите, кои ја оптоварија четвртата по големина економија во Азија.

Гласачите, исто така, бараат лидер кој може да ја искорени корупцијата, да ја „излечи“ поделената нација и поларизираната политика и да почне разговори за спречување на растечката нуклеарна закана на Северна Кореја.

Првично се пријавија вкупно 14 кандидати, но изборите се претворија во тесна трка меѓу Ли Џае-Мјунг, кандидатот на владејачката Демократска партија и Јун Сук-Јеола од конзервативната главна опозициска Партија на народна моќ. Тие се кандидираат да го наследат актуелниот претседател Мун Џае-ин, кому уставно му е забрането да бара реизбор. Победничкиот и само петгодишен мандат започнува на 10 мај.

Анкетите минатата недела покажаа мала предност за Јун, кој даде изненадувачки поттик во последен момент кога еден колега конзервативец се откажа и му ја даде својата поддршка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски