Претседателски избори на Филипините во услови на остри мерки на безбедност

Од:

На Филипините денеска се одржуваат претседателски избори, на кои не учествува актуелниот претседател Бенињо Акино, кој има право на само еден мандат.

Освен за нов претседател, 54 милиони Филипинци, со право на глас, раселени по 7.000 острови што ја сочинуваат оваа земја, во југоисточна Азија, ќе гласаат и за нов потпретседател, како и за сенатори и за околу 18 илјади локални и општински функционери, вклучувајќи и градоначалници.

Изборите се одржуваат во услови на остри мерки за безбедност, па властите ангажираа повеќе од 100 илјади полициајци, задолжени за одржување на редот и сигурноста.

Властите стравуваат од можни насилство во текот на гласањето, затоа што оваа земја е позната по раширеното политичко насилство.

Во текот на годинешнава предизборната кампања, беа убиени 15 лица.
Последното убиство се случило во саботата, кога жртва беше еден кандидат за градоначалник.Тој бил нападнат и убиен во неговата семејна куќа.

Во претседателската трка учествуваа петмина кандидати, а филипинските медиуми како фаворит го посочуваат 71-годишниот Родриго Дутерте.

Овој поранешен државен обвинител кој 22 години беше градоначалник на јужниот град Давао, ветува дека ќе ги елиминира корупцијата во земјата и илеганата трговија со дрога, за шест месеци.

Неговите политички противници го означуваат како „самопрогласен левичар“ а актуелниот претседател Акино во последното обраќање до јавноста, предупреди дека доколку Дутерте победи на изборите, постои „ризик од враќање на диктатурата“ во земјата.

Претседателот Акино, застана зад кандидатурата на Мар Роксас, поранешен банкар во Њујорк кој заговара продолжување на политиката на сегашниот шеф на државата. Роксас кој е внук на првиот претседател на Филипините, ја поддржува идејата на Акино за давање автономен регион за муслиманите на островот Минданао.

Главни теми во предизборната кампања беа економијата, корупцијата, битката со сиромаштијата и територијалниот спор со Кина, во Јужното Кинеско Море.

Би можело да ве интересира

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ги погоди Филипините

Ана Ололовска