Претседателот Земан ја именуваше новата чешка Влада на премиерот Петр Фијала

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан денеска во претседателскиот дворец Лани во близина на Прага ја назначи новата влада на двете централно-десничарски коалиции, Заедно и СТАН, во која ќе учествува и Пиратската партија, а нејзин дел дефинитивно ќе биде и шефот на дипломатијата Јан Липевски, од Пиратската партија, кого првично одби да го назначи на функцијата.

-Наједноставно би било да ви посакам само успех, но тоа не е конкретно. Ќе ви посакам зад вас да остане нешто корисно. Имате можност да се борите против Ковид-19, енергетската криза и, се разбира, буџетот, рече претседателот Земан по именувањето на владата.

Во благодарноста до претседателот за неговото именување, премиерот Петр Фијала кажа дека владата презема одговорност за државата во ситуација која не е лесна, а ги спомена и истите три горливи проблеми поради кои владата денеска ќе ја има првата седница, веднаш по церемонијата.

-Гласачите ни дадоа доверба, вложија надежи за промени и подобра иднина за нив и за следната генерација. Не почнуваме во лесна ситуација, работите во нашата земја се запоставени, се соочуваме со проблеми : Ковид-19, зголемени цени на енергијата, инфлација, рече премиерот Фијала.

Двете централно-десничарски коалиции, предводени од Фијала и составени од конзервативци, демохристијани и либерали, и коалицијата на независни градоначалници од партиите СТАН и Пирати, освоија удобно мнозинство од 108 пратеници во 200-члениот Долен дом на чешкиот Парламент.

Доаѓањето на оваа 16-та чешка влада, со 13-ти премиер, го означува крајот на осумгодишниот период на заедничко владеење на партијата АНО на чешкиот тајкун од агро и хемиската индустрија, поранешниот премиер Андреј Бабиш и Чешката социјалдемократска партија, која за првпат во поновата историја не успеа да влезе во парламентот.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски