Претседателот на Казахстан поднесе оставка

Од:

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев денеска поднесе оставка од функцијата.

– Одлучив да поднесам оставка, изјави Назарбајев во обраќањето до нацијата.

Тој додаде дека таквата одлука воопшто не била лесна, но не ги наведе причините за оставката.

Оставката на 78-годишниот Назарбајев утре стапува во сила. Согласно Уставот на Казахстан, наместо Назарбајев, до крајот на неговиот мандат во 2020 година, шеф на државата ќе биде претседателот на Горниот дом на Парламентот, Хашим-Јомрат Токајев од партијата на Назарбајев, Нур Отан.

На последните избори во 2015 година Назарбајев беше реизбран за уште еден петгодишен мандат со приближно 98 отсто од гласовите.

Назарбајев и по оставката ќе ја извршува должноста привремен претседавач со Советот за национална безбедност на Казахстан.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски