Претседателот на Европскиот совет побара итно ослободување на Навални

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, побара итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални кој беше приведен по враќањето од Германија во Русија.

„Апсењето на Навални по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо“, порача Мишел. Тој ги повика руските власти веднаш да го ослободат Навални.

Рускиот опозициски лидер беше приведен вечерва на московскиот аеродром Шереметјево на пасошка контрола по враќањето во Русија од Германија, каде се лекуваше за наводното труење.

На неговата сопруга Јулија, како и неговиот портпарол и адвокат им беше дозволено да влезат во Русија.

Би можело да ве интересира

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Нападнат е близок соработник на Навални