Претседателката на австралискиот Парламент поднесе оставка

Од:

Претседателката на Парламентот на Австралија, Бронвин Бишоп поднесе остава по обвинувањата дека потрошила пари на даночните обврзници на непотребно патување.

Бишоп беше остро критикувана откако минатиот месец беше обелоденето дека потрошила над 5.000 австралиски долари за хеликоптерски транспорт. Таа со хеликоптер се одвезла на настан за собирање на пари за владејачката Либерална партија. Критичарите на Бишоп тврдат дека таа можела со автомобил да патува 90 километри, а не со хеликоптер.

Австралиското Министерство за финансии истражува дали Бишоп го прекршила законот.

Премиерот Тони Абот денеска соопшти за оставлата на 72-годишната Бишоп, негова блиска соработничка. Тој наведе дека ќе се истражат службените расходи на политичарите и ќе бидат преземени мерки за нивно намалување.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски