Претрес во канцеларии на „Дојче банк“, уапсени пет лица

Од:

Околу 500 полицајци синоќа учествуваа во претрес на простории на Дојче банк во неколку германски градови поради сомневање за затајување данок, перење пари и обиди за попречување на истрага, а против пет соработници на банката е издаде налог за апсење.

По налог на државното обвинителство во Франкфурт, извршен е претрес на простории на Дојче банк и станови во Франкфурт, Берлин и Дизелдорф. За 25 соработници на банката постои сомневање за големо затајување данок, перење пари и обиди за попречување на работа на истрага, се вели во соопштение од Обвинителството.

Против петмина соработници на банката издаден е налог за апсење поради сомневање за попречување на истрагата. Дојче банк порача дека ќе соработува со истрагата, објави Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Банката, како што објави весникот, оваа година казнила петмина вработени заради сомневање за вмешаност во илегални работи, но не ги отпуштила. Весникот наведува дека засега не е познато дали тие петмина се истите уапсени лица.

Од претходно е познато дека државното обвинителство води истрага против седум банки и тоа само заради помош во затајување данок во случаи на тргување со емисии на штетни гасови.

Истрага од крајот на април 2010 година покажала нови сомневања, и била извршена во 230 објекти во повеќе европски држави вклучувајќи и централа на Дојче банк во Франкфурт.

Шест инвестициски банкари осудени беа во декември 2011 година во Франкфурт заради милионско затајување данок и добија затворски казни меѓу три и седум години. Тие беа осудени бидејќи во повеќе држави тргувале со емисии на штетни гасови без пресметка на данок на промет додека во извештаи од даночни власти, наведувале дека платиле данок во милионски износи. Според весникот, трговците со емисиите на штетни гасови дејствувале како организирана група.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски