Претрес на џамии, домови на муслимани и исламски центри во повеќе германски градови

Од:

Германската полиција вчера изврши претрес во џамија, домови на муслимани и во исламски центри во Нирнберг, Бон и Вајхе под сомнеж за поврзаност со џихадистите во Сирија.

Претресените објекти биле поврзани со осомничени припадници на ултраконзервативното салафистичко движење на возраст од 23 до 36 години, кои планирале напади. Сепак, во операцијата нема уапсени.

– Нема да седиме со скрстени раце и да гледаме како терористите од Исламската држава во Ирак и во Сирија добиваат поддршка од Германија, изјави министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоахим Херман.

Повеќе од 400 германски граѓани заминале во Сирија за да се борат на страната на ИД.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани