Пресудите за силување во Шведска во пораст од 75% по измената на законите

Од:

Во Шведска, во последните две години откако е изменет Кривичниот законик, забележани се за 75% повеќе судски пресуди за силување, јавуваат медиумите од земјата.

Во законот од 2018 година, Шведска ја смени дефиницијата за силување во „секс без согласност“ и за разлика од многу други земји, обвинителите сега не мора да ја докажуваат употребата или заканата со насилство.

Националниот совет за спречување на криминалот соопшти дека зголемувањето на бројот на пресуди од 190 во 2017 година на 333 во 2019 година покажа дека промената на законодавството одигра поголемо влијание од очекуваното.

„Ова ја покажува итната потреба и другите земји да го следат примерот,“ рече Катарина Бергехед, виш советник за правата на жените во „Амнести интернешнл“ во Шведска,  додавајќи дека „сексуалната активност мора да биде спогодбена , а се друго е силување“.

Велика Британија, Белгија, Канада, Кипар, Германија, Грција, Исланд, Ирска и Луксембург веќе го дефинираат силувањето како секс без согласност, додека Данска, Финска, Шпанија и Португалија ветија слични реформи.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Момче силувало малолетно девојче