Пресудата на Врховниот суд на Шпанија ќе го активира барањето за екстрадиција на Пуџдемон

Од:

Казните кои денеска им ги изрече Врховниот суд на Шпанија на деветмина каталонски лидери и активисти, затоа што бараа отцепување на оваа покраина од Шпанија, повторно ќе ги отвори меѓународните и европски налози за апсење на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и шестмината други лидери кои се залагаа за каталонската независност, а побегнаа од земјата.

Налогот повторно ќе го активира шпанското Обвинителство, со немера судовите на земјите во кои се наоѓаат пребегнатите каталонски сепаратисти повторно да размислат за нивно предавање на Шпанија, пренесе весникот „Ел Паис“.

Весникот наведува дека налогот ќе се однесува на судовите и министерствата за правда на Белгија, Шкотска и Швајцарија, каде се наоѓаат Пуџдемон и останатите шест каталонски лидери.

Пуџдемон веќе две години се наоѓа во Белгија, а судот во Германија во јули минатата година одби да го испорача, во периодот кога привремено престојуваше во оваа земја.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски