Пресуда на Европскиот суд за човекови права: Русија не направила добра истрага за труењето на Навални

Од:

Европскиот суд за човекови права ја осуди Русија за недоволно спроведување на истрага за наводното труење на Алексеј Навални.

Европскиот суд, исто така, пресуди руската влада да му плати на Навални, кој е во притвор, отштета во износ од 40.000 евра затоа што одбила да го истражи неговото труење, се наведува на веб-страницата на ЕСЧП, пренесува Новаја газета Европа.

Судот заклучи дека Русија ги прекршила правата на политичарите, поточно членот 2 од Конвенцијата за човекови права, кој го штити правото на живот.

Русија, меѓутоа, повеќе не ги признава пресудите на Европскиот суд за човекови права. Земјата беше исфрлена од Советот на Европа поради војната против Украина.

Поради тоа, таа повеќе не е членка на Европската конвенција за човекови права, за чие почитување е надлежен судот. Неколку илјади постапки против Русија се во тек во Стразбур.

На роденденот на Алексеј Навални, 4 јуни, руските граѓани ширум светот излегоа на централните улици на своите градови во знак на поддршка на опозицискиот лидер.

Акции се одржаа во најмалку 120 градови.

Како што јави ОВД-Инфо, во Русија се приведени најмалку 109 лица.

Да потсетиме, во меѓувреме на Навални денеска му претстои ново судење под обвинение за екстремизам во судски процес кој е затворен за јавноста.

Би можело да ве интересира

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Нападнат е близок соработник на Навални