Пресретнат дрон во обид да изврши напад врз аеродром во Саудиска Арабија

Од:

Коалицијата што се бори во Јемен против бунтовниците Хути потврди дека пресретнала и уништила дрон што се обидел да нападне врз меѓународниот аеродром Абха во Саудиска Арабија.

Според соопштението, коалицијата предводена од Саудиска Арабија презема „оперативни мерки за справување со изворите на непријателски прекугранични напади“, јавија саудиски медиуми.

Јемен е вовлечен во граѓанска војна од 2014 година, кога Хутите го зазедоа главниот град Сана и поголемиот дел од северот на земјата, принудувајќи ја меѓународно признатата влада да побегне на југ, а потоа во Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови